(Фото) Гавазова и Велевска направија џумбуш, ривалките во Дојран

Фолк-пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова направија вистински џумбуш во Дојран по настапот на  манифестацијата „Риба и вино“. Станува збор за тридневен фестивал кој се одржуваше во Дојран. Велевска настапи втората вечер, пред голем број публика, а по неа настап имаше и Сузана Гавазова со која испеаја неколку дуети, на големо задоволство на публиката која непрестано пееше со нив.

Иако медиумите често пишуваат дека двете фолк-пејачки се ривалки и не се поднесуваат, и едната и другата неколку пати кажале дека е добро да се има конкуренција. И Елена и Сузана, кои важат за најатрактивни фолк-пејачки кај нас, велат дека е „добро што има кокуренција за да се трудат да бидат поуспешни во тоа што го прават“. И Елена и Гавазова се познати по нивните секси фотосесии и скапи спотови.

 

Текстот (Фото) Гавазова и Велевска направија џумбуш, ривалките во Дојран е превземен од Reporter.mk.