(Фото) Хари и Меган споделија фотографија од бебето Арчи

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, објавија фотографија од нивниот син Арчи за да го прослават Денот на татковците.

На фотографијата Арчи, кој е роден пред шест недели, го држи за рака принцот Хари. Ова е прва фотографија на која одблизу се гледа лицето на кралското бебе.

Фотографијата е објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на Sussex Royal со опис: „Среќен Ден на татковците и посебен прв Ден на татковците на војводата од Сасекс“.

Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор е прво дете на Хари и Меган.

Текстот (Фото) Хари и Меган споделија фотографија од бебето Арчи е превземен од Reporter.mk.