(Фото) Игор Којиќ проговори за разводот со Северина

Откако медиумите во регионот повторно пишуваа дека Северина и Игор Којиќ ќе се разведуваат, синот на Кеба реши да им одговори. Ова е првпат тој јавно да коментира за пишувањата на медиумите. Тој на „Инстаграм“ објави слика на која тој и Северина се прегрнати, додека од зад нив од грмушки ги ѕирка нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ. На сликата се ставени и логоата на два медиума, кои најмногу пишуваат за нивниот развод и караници, а на кои Игор им испрати порака преку сликата.

„Генерален покровител на мојот брак, од доверливи шумски извори. Престанете жити Бога“, напиша тој. Потоа ја цитираше и песната „Намќор“ од Балашевиќ и стиховите „Но тебе те сакам, тоа е факт, ти си ми љубов единствена“ и откри дека не се разведува.

Иако доби силна поддршка од следбениците, Игор по неколку часа ја избриша сликата од Инстаграм.

Северина, пак, во јавноста не коментира ништо за наводниот развод и караниците со сопругот.

 

Текстот (Фото) Игор Којиќ проговори за разводот со Северина е превземен од Reporter.mk.