(Фото) Инди доживеала сообраќајна несреќа

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди доживеала сообраќајна несреќа во верижен судар во Белград. Во сударот учествувале три автомобили, од кои едниот бил на пејачката. За среќа никој во несреќата не е повреден.

Пејачката по тој повод се огласи на Инстаграм, каде ги смири фановите велејќи им дека е добро.

„Луѓе, фала ви што ме барате, пишувате, се грижите. Јас сум ОК, а сударот направи штета само на возилото“, напишала Инди.

Потоа постирала фотографија од нејзиното возило, како изгледа по сударот.