(Фото) Јана Стојановска објави прва слика од синот

Македонската глумица Јана Стојановска објави прва слика од синот Ненад. Таа се породи во септември, во седмиот месец од бременоста. Глумицата синот го роди во Романија каде што живее со нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ. Откако излегоа од болница, таа во медиумите откри дека станала мајка, а дека синот ќе го носи името на нејзиниот починат татко, aктерот Ненад Стојановски.

Јана освен за раѓањето на синот, неодамна беше актуелна во медиумите и поради апсењето на нејзината мајка, актерката Силвија Стојановска. Откако Силвија беше одведена на распит во судот во Скопје, под сомнение дека е вклучена во шверц на 700 килограми кокаин, Јана изјави дека тоа е големо недоразбирање и дека ќе се докаже дека нејзината мајка е невина.

Текстот (Фото) Јана Стојановска објави прва слика од синот е превземен од Reporter.mk.