(Фото) Јелена и Новак Ѓоковиќ блеснаа на црвениот тепих

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена блеснаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Лауреус“ . Србинот го доби признанието за најдобар светски спортист за 2018 година.

Ноле зад себе ги остави капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, НБА-ѕвездата Леброн Џејмс и светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон.

Ѓоковиќ се појави во црно палто со спортски панталони и патики. Неговата сопруга Јелена под сивиот фустан со голи рамења, висок рез и црн појас, носела мрежести црни чорапи и асиметрични потпетици во иста боја.

Нејзиниот накит бил прикладен со шминката, а по прашањето на фризурата, Јелена се одлучила за лежерна плетенка. Јелена носела и црно палто со украсна панделка, кое не го носела за време на позирањето на црвениот тепих, но го облекла додека се фотографирала со останатите гости на манифестацијата.

Обожавателите на социјалните мрежи им напишаа дека се еден од омилените двојки на домашната, но и светската јавна сцена. Нивната љубов и  брак  се пример за многумина.

Текстот (Фото) Јелена и Новак Ѓоковиќ блеснаа на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.