(Фото) Јелена Карлеуша се потсети на роденденот на Тоше

Српската пејачка Јелена Карлеуша се потсети на Тоше Проески на денот на неговото раѓање, 25 јануари. Таа објави заедничка фотографија со починатата ѕвезда, со порака дека засекогаш ќе се сеќава на него.

„Толку тажно сеќавање, толку спомени. Никогаш нема да го заборавам. Тоше засекогаш во нашите срца“, напиша Карлеуша.

Јелена и Тоше беа добри пријатели, а пејачката неколкупати изјави дека тој беше еден од најдобрите пејачи на Балканот. Тие во 2004 година снимаа албуми во истото студио во Атина, и во тоа време најавија соработка, која никогаш не се оствари. Пејачката, по смртта на Тоше повремено објавува заеднички слики, секогаш со порака дека ѝ недостасува.

Текстот (Фото) Јелена Карлеуша се потсети на роденденот на Тоше е превземен од Reporter.mk.