(Фото) Каракамишева преку ракометарите се фати за Тамара

 Тања Каракамишева ја искористи атмосферата на натпреварот  кој македонската репрезентација го одигра со Украина, па на фејсбук ја прозва пејачката Тамара Тодевска.

,,Тамара Тодевска, те поздравија Македонските ракометари, ја испејаа химната со делот “Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански”….сега, шу праиме??? Заев? Радо?”

Таа алудираше на настанот во Американската амбасада, кога лани Тамара пеејќи ја националната химна, испушти делови од неа, за што подоцна изјави дека било ненамерен пропуст.

По ова поп пејачката, која на Македонија и донесе најголем успех по преставувањето на Евросонг , се повлече од јавноста па и ги откажа настапите. Иако се извини за пропустот, јавноста не претсануваше да  зборува за неа. Таа се врати на сцената, со нова песна. Вчера пак во Лондон имаше одличен настап, и го наполни еден од најпознатите клубови. Неодамна и во серијата “Преспав“, каде се појави Тамара, поп пејачката на сопствена сметка правеше шега, па и според сценаријото ја грешеше химната.

 

Текстот (Фото) Каракамишева преку ракометарите се фати за Тамара е превземен од Reporter.mk.