(Фото) Карлеуша во фустан од 10.000 евра на снимањето на „Гранд“

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша на снимањето на последната епизода од „Ѕвездите на Гранд“ дојде облечена во фустан и сандали од модната куќа „Версаче“. Според српските медиуми само фустанот чини 10.000 евра. Пејачката објави неколку слики на социјалните мрежи, а фановите ѝ порачаа дека е кралица на стилот и дека ѝ нема рамна.

Не е првпат пејачката да носи скапа, оригинална облека од познатиот моден бренд. Таа неколкупати изјави дека моделите на „Версаче“ ѝ се меѓу омилените, а дека во својот плакар има триесетина нивни фустани, но дека има и очила, чанти и чевли од истиот бренд.

Текстот (Фото) Карлеуша во фустан од 10.000 евра на снимањето на „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.