(Фото) Катарина објави прва слика со ќерката Кира

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска објави фотографија со ќерката Кира, која веќе има шест месеци. Сликата ја сподели на социјалните мрежи и ова е прв пат позната манекенка да објави слика од ќерката.  Пред породувањето Катарина во интервју за „Репортер“ рече:

„Првпат го слушнав името Кира пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро, да, но сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А и татко ми е пресреќен“, ни откри тогаш Катарина.

Таа тогаш ни раскажа и дека скоро воопшто не се здебелила во текот на бременоста, а дека за разлика од повеќето трудници, наместо да ѝ се јаде, губела апетит.

Кира е второ дете на популарната манекенката и на нејзиниот сопруг Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.

Текстот (Фото) Катарина објави прва слика со ќерката Кира е превземен од Reporter.mk.