(Фото) Кејт и Вилијам со ирско пиво го прославија празникот Свети Патрик

Принцот Вилијам заедно со сопругата Кејт Мидлтон за време на државниот празник Свети Патрик, беа во посета на касарна во Западен Лондон, каде престојува првиот баталјон на ирските стражари.

Војводата и војвотката од Кембриџ во тие моменти им оддадоа почест на војниците во чест на ирскиот државен празник. На традиционалната прослава, Вилијам и Кејт уживаа во традиционалното ирско пиво.

Кејт како и секоја година, беше облечена во зелена гардероба. Војвотката се појав во капут со потпис на Алекандар Меквин, дополнет со црни чевли од Џанвито Рози со блок пета.

На капутот, Кејт носела брош во облик на детелина која претставува симбол на Денот свети Патрик, како и мал букет со детелини. Целиот изглед го комплетирала со обетки со зелени дијаманти.

Листот детелина ја претставува Ирска и е симбол на Светото тројство. Секоја година тој и се дава на војниците како благодарност за тоа што служат за својата земја. Принцезата Ана бил дел од ваквата традиција се до 2012 година, кога оваа чест и припаднала на Кејт Мидлтон, затоа што нејзиниот сопруг Вилијам е полковник на оваа војска.

Текстот (Фото) Кејт и Вилијам со ирско пиво го прославија празникот Свети Патрик е превземен од Reporter.mk.