(Фото) Кендал Џенер славеше Нова година со поранешниот дечко

Манекенката и ријалити ѕвезда, Кендал Џенер, ја дочека Нова година со поранешното момче, НБА ѕвездата Бен Симонс. Тие славеле во Филаделфија. Некогашниот пар е сликан заедно на забавата што се одржала на кров на зграда. Кошаркарот го изнајмил кровот специјално за дочекот на 2020 година.

Бен и Кендал беа во врска скоро цела 2018 година, неколку пати раскинуваа и се смируваа. Тие последниот пат раскинаа кога кошаркарот ја фати манекенката со Анвар Хадид, сегашното момче на Дуа Липа, инаку брад на Бела и Џиџи Хадид.

Џенер го крие својот љубовен живот од јавноста, но за врската со Бен зборуваше и во ток-шоуто на Елен Деџенерис.

 

Текстот (Фото) Кендал Џенер славеше Нова година со поранешниот дечко е превземен од Reporter.mk.