(Фото) Ким Кардашијан е опседната со изгледот

Светската старлета Ким Кардашијан често на социјалните мрежи покажува дека е опседната со својот изглед. Често фановите ги почестува со фотограгии на кои нејзината облека и коса мора да бидат во тон со бојата на нејзиниот автомобил.

Неодамна ријалити ѕвездата на подарок од својот сопруг доби џип „мерцедес“, кој го возеше во фустан, кој модно се вклопи со неонски жолтиот теренец.

Ким Кардашијан на социјалните мрежи објави повеќе фотографии на кои облеката ѝ е усогласена со превозното средство.

Старлетата обожава да носи тенки фустани и хеланки кои ги дизајнира нејзиниот сопруг Канје Вест. Раперот во модниот свет влезе во 2012 година, а неговите нови колекции, Кардашијан ги промовира и пред истите да излезат на модните ревии.

 

 

Текстот (Фото) Ким Кардашијан е опседната со изгледот е превземен од Reporter.mk.