(Фото) Кирк Даглас донирал помош за децата од Егејска Македонија

Холивудската легенда, Кирк Даглас, кон крајот на 1940-те години ги посетил децата бегалци во Егејска Македонија и им однел кутии со училишни предмети, пишуваат од „Обединета македонска дијаспора“. Тие објавија слика на „Твитер“ и открија дека посетата на починатиот глумец била во рамките на Американскиот план за помош на бегалците.

„Сликата е направена кон крајот на грчката граѓанска војна, која траеше од 1945 до 1949 година. Почивај во мир Кирк“, напишаа.

За потсетување, познатиот глумец почина вчера на 103 години. Веста за неговата смрт ја објави неговиот син, актерот Мајкл Даглас. „За вас можеби беше легенда, но за мене беше само татко“, напиша тој во објавата. Даглас е добитник на Оскар. Во кариерата сними многу филмови, а се прослави со улогата во филмот „Спартак“.

Текстот (Фото) Кирк Даглас донирал помош за децата од Егејска Македонија е превземен од Reporter.mk.