(Фото) Ќерката и таткото славеа роденден, забавата е кај Пере

Никола Перевски -Пере од „Нокаут“ се пофали дека вчера било весело во неговиот дом. Тој откри дека имале два родендени кои ги прославија во домашна атмосфера со најблиските.

Роденден славеа  неговата помала ќерка Каја, која наполни 12 години, и неговиот татко Бранко, 68 години.

Двајцата имаа една заедничка торта во форма на грамофон и заеднички дуваа на свеќичките. „Внука и дедо во ист ден. Да ми се весели, здрави, живи. На ќерка ми и татко ми среќни родендените и за многу години“, напиша Пере.

Текстот (Фото) Ќерката и таткото славеа роденден, забавата е кај Пере е превземен од Reporter.mk.