(Фото) Ќерката на Јана Бурчевска модерно бебе

Македонската претставничка на Евровизија,  Јана Бурческа, се пофали дека е на море. Таа сподели фотографија од ќерката Дона, која за неколку месеци ќе наполни една година. Пејачката доби комплименти за ќерка си, дека е и убава и модерна на плажа.

Јана Бурчевска ја претставуваше Македонија на Евросонг во 2017 година, кога јавно во евровизиската честитка пред настапот објави дека е бремена, а сопругот Александар ја побара за жена.