(Фото) Ќерката на Соња и Јохан полни 14 години

Најстарата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, Мелани, денес полни 14 години. Фолк-пејачката се пофали дека ќерка ѝ пораснала и преку порака на „Фејсбук“ ѝ порача дека е горда на неа.

„Во животот сретнав многу уникатни личности. Но, тебе не те сретнав, тебе те родив ќерко. Мелани, среќен 14. роденден. Ние сме горди на тебе, Мелани. Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха“, напиша Соња покрај сликата од ќерка си.

Освен Мелани, Соња и Јохан имаат уште две деца, синот Младен (11) и ќерката Јована (4).

Текстот (Фото) Ќерката на Соња и Јохан полни 14 години е превземен од Reporter.mk.