(Фото) Ќерката на Стивен Спилберг сака да е порноглумица и веќе објави порноклипови

Микаела, посвоената ќерка на режисерот Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт Кепшо, сака да стане порно sвезда. Таа веќе сними неколкu видеа, соло порноклипови, и ги објави на ПорнХаб, но подоцна ги отстрани затоа што чека лиценца. За нејзината порнокариера го избрала името Шугар стар.

23-годишната Микаела на родителите веќе им ја соопштила својата одлука, но рекла и дека нема да има секс пред камерите поради нејзиниот вереник Чак Панкоу (47). Исто така, Микаела се надева дека ќе може да работи и како стриптизета откако ќе ја добие лиценцата.

„На родителите им кажав за мојата одлука преку видео повик. Веста повеќе ги заинтригира отколку што ги вознемири. Нивниот најголем приоритет е да бидам безбедна“, рекла Микаела за „Сан“. Додала дека смета дека тие ќе бидат горди откако ќе видат колку постигнала за година и пол, а почнала од нула.

Во интервјуто за британскиот весник таа открила дека била сексуално злоставувална во минатото, дека се борела со анорексија, имала нарушување на личноста и проблеми со алкохолот. Но, вели дека не била злоупотребувана од некој член на нејзиното семејство или близок круг пријатели.

„Навистина сум уморна од тоа што не можам да го капитализирам моето тело и искрено, навистина сум уморена од тоа да ми кажауваат дека го мразам своето тело. И, ми здодеа да ја извршувам мојата дневна работа на начин што не ме исполнуваше“, рекла таа во интервјуто.

Текстот (Фото) Ќерката на Стивен Спилберг сака да е порноглумица и веќе објави порноклипови е превземен од Reporter.mk.