(Фото) Крис Нот стана татко на 65 години

Холивудскиот глумец Крис Нот стана татко по втор пат на 65 години. Познат по улогата на „Ѕверка“ во серијата „Сексот и градот“, Нот со својата 27 години помлада сопруга Тара Вилсон, доби уште еден син.

Среќните родители убавата вест ја споделија на социјалните мрежи.

„Директно од небото стигна нашиот втор син Китс“, напиша Нот и сподели фотографија од синот.

Дека ќе стане татко по вторпат, крис откри минатата година, кога пкрај фотографијата од бремената сопруга напиша дека ќе имаат уште едно дете.

„Нашиот син ќе добие брат. Подобро да се доведам во ред“, напиша глумецот. Нот и Тара се венчаа во 2012 година. Тие го имаат синот Кристофер.

 

 

 

 

Текстот (Фото) Крис Нот стана татко на 65 години е превземен од Reporter.mk.