(Фото) Лигњи и рози за сопругата на Дарио

Со ручек во познат скопски ресторан, пејачот Дарио Панковски и неговата сопруга Бојана ја прославија 30-годишнината од брак. Пејачот се пофали дека ја одвел сопругата на морско, ама и дека за јубилејот ја изненадил со букет рози.

„Денеска славиме цели 30 години хармоничен брак. Научна фантастика во денешно време. Браво за нас“, напиша Дарио на сликите што ги сподели на социјалните мрежи.

Пријателите им честитаа на јубилејот, а се пошегуваа и дека личат на близнаци, бидејќи двајцата се облечени во исти кошули.

Дарио и Бојана имаат две деца, синот Бруно и ќерката Андреа.

Текстот (Фото) Лигњи и рози за сопругата на Дарио е превземен од Reporter.mk.