(Фото) Мадона се сликаше во танга и голи гради: И да сте навредени ич не ве е*ам

Поп дивата Мадона ги изненади своите фанови со гола фотографија. Таа се сликаше во проѕирен градник и минијатурни танга.

„Мојата моментална гардероба. На сите кои се навредени од оваа фотографија, ви давам до знаење дека сум дипломирала на факултет Zero F*ks Given „што ве еб*м“. Фала што дојдовте на мојата церемонија“, напиша Мадона на фотографијата, под која доби голем број негативни коментари.

Иако фановите навиканаа на ваквите изданија на пејачката и многумина сметаат дека нејзиното однесување е превулгарно, со оглед на нејзините години.

„Бабичке, превулгарна си. Срамота и децата гледаат. Немаш повеќе ништо за покажување, затоа што веќе видовме сè“, беа некои од коментарите.

Во нејзина одбрана застана пејачката Кети Пери.

„О, господе, штотуку се запишав и јас на тој факултет“, коментираше Пери.

Мадона неодамна го сврте вниманието кон себе, покажувајќи го својот задник за кој многумина тврдат дека е вештачки. Пејачката досега не ги потврди гласините дека ставила импланти, затоа што на таквите коментари, вели дека не им дава на значење.

Текстот (Фото) Мадона се сликаше во танга и голи гради: И да сте навредени ич не ве е*ам е превземен од Reporter.mk.