(Фото) Маја Иванова дојде со чипка кај Меланија на средбата во Њујорк

Претстедателот Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја присуствуваше на приемот што Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Облечена во смарагден фустан со многу чипка, Маја застана до Меланија Трамп, која облечена во црно, повторно беше елегантна и модерна.

Претседателот Иванов и сопругата Маја  позираа Трамп и Маланија, а сликата ја споделија на Фејсбук. Многумина коментираа дека Маја се изгубила покрај Меланија, кога е во прашање модата, што впрочем е и чест случај кога Меланија има средба со било која жена на претседателите во светот.

Текстот (Фото) Маја Иванова дојде со чипка кај Меланија на средбата во Њујорк е превземен од Reporter.mk.