(Фото) Мајката на Росана била убавица на Куманово

Фолк-пејачката Росана Сариќ – Тодоровска откри дека нејзината мајка Гордана Стојановска во 1962 година била прогласена за убавица на Куманово. Таа титулата за најубава девојка ја освоила кога била трета година во средото улителско училиште.

„Нашата мајка. Нашето се. Убавица на Куманово некогаш. Најдобрата мајка и сопруга“, напиша Росана на „Фејсбук“. Таа сподели фотографија стара 56 години, објавена на порталот „Кумановски муабети“ по повод 11 ноември, денот на ослободувањето на градот.

Гордана Стојановска, мајката на Маријана и Росана, е во средина

„Во двете сали на хотел ‘Кристал’, Аероклубот од Куманово организирал ‘Сина вечер’ со допадлива и лесна програма. Најголем интерес кај присутните на приредбата предизвикал изборот на убавица. Жири комисијата за убавица на 1962 година ја прогласиле Гордана Стојановска, ученичка од трета година при Учителската школа, а за „придружници“ Костадинка Илиевска ученичка од трета година при Економската школа и Ленче Димковска, ученичка од првата година при Учителската школа“, пишува порталот.

Текстот (Фото) Мајката на Росана била убавица на Куманово е превземен од Reporter.mk.