(Фото) Македонски дизајнер ја облече Џенифер Лопез

Светски познатиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски ја облече музичката ѕвезда Џенифер Лопез за настанот „Жените во Холивуд“, кој го организираше модниот магазин „Ел“. Лопез беше облечена во дводелна комбинација, црно тесно здолниште со панделка и длабок шлиц и свилена розова кошула со машна преку рамениците.

Модната комбинација пејачката и актерка ја дополни со црни сандали и со дијамантски накит. Модните стилисти во Америка го оценија нејзиниот стил како беспрекорен.

Текстот (Фото) Македонски дизајнер ја облече Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.