(Фото) Марија Шерифовиќ во бикини

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на својот инстаграм-профил објави видео како скока во базен. „Отсекогаш сакав да бидам карате кид“, напиша таа на видеото.

Српските портали презедоа фотографии од видеото, па ја пофалија и напишаа дека Шерифовиќ изгледа одлично во бикини. „Никогаш не изгледала подобро, женствена и непрепознатлива во бикини“, стои во еден од текстовите на српските медиуми.

Пејачката во моментов е на летување и одмора од работните обврски како член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Таа има закажано неколку настапи ова лето, а на 3 август ќе настапи во Охрид на „Билјанини извори“.