(Фото) Меган живеела во валкани станови

Меган Маркл денес е војвотка, но нејзиното детство не било толку гламурозно. Дел од детството минала со мајка си во мрачен и валкан стан во срцето на Лос Анџелес, и никој ниту можел да замисли дека Меган Маркл 30 години подоцна ќе живее како принцеза.

На поранешната американска актерка Меган Маркл ѝ се остварија сништата како од бајка откако се венча со принцот Хари во мај оваа година.

Актерката живеела скромно со полубратот Томас Џуниор и полусестрата Саманта. Нивните родители се Дорија и Томас. Дека нејзиното семејство било дисфункционално сега особено е јасно затоа што татко ѝ и полусестрата не престануваат јавно да тврдат дека таа добро испланирала каде ќе заврши затоа што отсекогаш била пресметлива.

Нејзините родители се развеле по 4 години брак. По разводот Меган продолжила да живее со мајка си во скромен стан, но и покрај немаштијата, Меган сепак се школувала во престижните установи чија годишна цена била од 19 000 до 23 000 долари.

Нејзиниот татко работел на сетот на некогашната популарна серија „Брачни води“, на кој Меган минувала часови откако ќе се вратела од училиште. Нејзината мајка имала дуќан за подароци и облека до 2009 година, кога прогласила банкрот. Некое време се школувала, па до својата 17-годишна возраст Меган живеела со својот татко,  кого денеска благо кажано не го поднесува. Но и тоа не било далеку од луксузот во кој е сега. Пристојно уреден стан, со кујна, трпезарија и две спални соби бил сосема доволен за нив двајца.

„Како станала постара, таа се грижела повеќе за својот татко отколку тој за неа. Постојано се расправале, особено кога Меган почнала да излегува со момчиња“, открива авторот Ендрју Мортон во биографската книга Meghan: A Hollywood Princess.

Меган во тоа време работела на неколку привремени места и волонтирала во здружение кое им помагало на бездомниците.

Откако се запишала на Универзитетот „Нортвестерн“ во сојузната држава Илиноис, го запознала филмскиот продуцент Тревор Енгелсон во еден бар на првото одење до дома од факултетот.

„Тревор веднаш ѝ се допаднал на Меган Маркл затоа што бил амбициозен и страстен“, стои во биографијата на војвотката, која набрзо потоа почнала да живее со Тревор во стан зад злогласниот клуб „A Go-Go“ во западен Холивуд. Тревор и денес живее на ова место. Меган таму живеела до 2011 година, кога поради улогата во хит-серијата Suits морала да се пресели во Торонто. Двојката истата година се венчала во Јамајка, а се разделиле две години подоцна поради непомирливите разлики.

 

Во Торонто две години била во врска со славниот готвач и сопственик на ресторан Кори Витиел. Нивната романса завршила во мај 2016 година. Месец дена подоцна Меган се сретнала со Хари на договорен состанок, но медиумите почнале да пишуваат за врската  дури во октомври. Во септември 2017 година Меган ја потврдила љубовта кон принцот на насловната на списанието „ Винити фер’, а неколку дена подоцна двајцата го имаа првото службено појавување во јавност.

Двојката објави дека се заедно во ноември 2017 година, а во мај 2018 година се одржа раскошната венчавка што ја следеше целиот свет. Нејзиниот татко и полусестра од самиот почеток на нејзината љубовна бајка ја нападнаа Меган на социјалните мрежи и во интервјуата со кои се обидувала да дојде до своите пет минути слава.

Фотографиите од становите во кои живеела Меган Маркл можете да ги погледнете на следниот линк:

Текстот (Фото) Меган живеела во валкани станови е превземен од Reporter.mk.