(Фото) Мелита како карикатура

Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ секојдневно споделува фотографии од приватниот живот на своите профили на социјалните мрежи. На последните, облечена во куси панталони и високи чизми, позира покрај мерцедес на еден од скопските булевари.

Мелита од следбениците на Инстаграм доби комплименити дека е згодна и секси, ама твитерџиите ја исмеаја. Тие напишаа дека Мелита повторно претерала со фотошоп и дека изгледа како карикатура. Овој пат, коментираат дека толку многу ги издолжила нозете, што колената ѝ делуваат неприродно, како да споила две колена во едно, велат тие.