(Фото) Мила Јовович ги покажа првите фотографии од ќерка ѝ Ошин

Глумицата Мила Јововиќ на својот „Инстаграм“ профил ги објави првите фотографии од нејзината ќерка Ошин. Јовови се породи минатата недела, а убавите вести ги сподели со обожавателите. Претходно нејзината најголемата ќерка, Евер Габо на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата нова сестра Ошин.

Познатата актерка со црногорско потекло, чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Покрај Евер Габо, тие се родители и на 4-годишната Дашиел Иден.

Инаку, актерката често на својот Инстаграм профил споделува лични дилеми и доживувања. Минатата година, таа  откри дека морала да помине низ итен абортус. Преку нејзиното искуство, глумицата се залагаше за правото на жените да имаат достап до безбеден абортус кога имаат потреба од него.

 

Текстот (Фото) Мила Јовович ги покажа првите фотографии од ќерка ѝ Ошин е превземен од Reporter.mk.