(Фото) Мустафа Сандал се разлади со црево

Поранешниот маж на Емина Јаховиќ, музичарот Мустафа Сандал на својот инстаграм-профил објави слика на која се разладува со црево. Сликата на која Сандал е разголен, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а неговите следбенички му дадоа комплименти за изгледот. „Почесто да се соблекуваш за сликање“, му напиша една од нив.

Сандал 10 години беше во брак со поп-пејачката Емина Јаховиќ. Таа поднесе барање за развод на почетокот на годината, но неодамна папараците ги сликаа заедно на јахта и напишаа дека двојката е повторно заедно.

По разделбата, Емина во интервју за турските медиуми изјави дека таа и Мустафа ќе останат пријатели заради нивните два сина Јавуз и Јаман.

Текстот (Фото) Мустафа Сандал се разлади со црево е превземен од Reporter.mk.