(Фото) На денешен ден си се ветивме – Џорлев слави годишнина од брак

Со колаж од неколку слики од свадбата и венчавката во црква, музичарот Зоран Џорлев откри дека тој и неговата сопруга Офелија денеска слават годишнина. Познатиот виолинист се пофали дека со Офелија се во брак веќе 26 години.

„Денешен ден пред 26 години беше ден недела… Тој ден си се заветивме пред себе и пред бога“, напиша Џорлев на „Фејсбук“ и доби многу честитки за годишнината од пријателите.

Познатиот музичар ја запознал сопругата на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Истата година се вериле, а се венчале следното лето. Двојката има две деца, синовите Наско и Мартин.

Текстот (Фото) На денешен ден си се ветивме – Џорлев слави годишнина од брак е превземен од Reporter.mk.