(Фото) Натали Имбрулија првпат стана мајка

Светската пејачка Натали Имбрулиа, стана мајка на 45 години. Таа на Инстаграм откри дека се породила пред неколку дена и дека добила син. Ова е прво дете на австралиската пејачка која се прослави со хитот „Торн“.

„Добре дојде Макс Валентин Имбруглиа“  напиша Натали под сликаташто ја објави на социјалните мрежи.

Таа објави дека е бремена во јули годинава и откри дека забременила со вештачко оплодување, со донатор на сперма.

„Не сум голтнала лубеница. Го чекам своето прво дете кое треба да пристигне оваа есен. Сите што ме познавате, знаете дека тоа ми беше огромна желба и среќна сум што добив можност да забременам благодарение на вештачкото оплодување и донаторот на сперма. Повеќе ништо нема да кажам во јавноста на оваа тема“ изјави пејачката кога откри дека ќе стане мајка.

Текстот (Фото) Натали Имбрулија првпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.