(Фото) Натали не старее

Некогашната манекенка Наталија Грубовиќ објави фотографија на својот инстаграм-профил на која е со својот сопруг Дрен. Таа ретко споделува фотографии на социјалните мрежи. Обожавателите ѝ напишаа дека изгледа исто како и кога беше една од најпопуларните личности кај нас.

Натали, која веќе неколку месеци ја има ќерката Натали, живее во Србија. Неодамна за „Репортер“ раскажа дека поминале 25 години од нејзиното прво појавување на модната писта. Но, дека денес таа има други приоритети.

Таа ни откри дека не ѝ недостасува популарноста, иако е среќна што била популарна во едно друго време, без „Фејсбук“ и „Инстаграм“. За сопругот Дрен, пак, ни рече:

„Дрен има многу професионални обврски, но секој слободен миг е со нас двете и ми помага. Неодамна прославивме двегодишнина од нашиот брак со едно убаво патување на црногорското приморје, а секако и малата Натали беше со нас, па уживањето беше уште поголемо. Будва има посебно место во нашите срца бидејќи таму се запознавме и често навраќаме таму затоа што секогаш ни буди убави спомени“, раскажа за „Репортер“ Натали.

Текстот (Фото) Натали не старее е превземен од Reporter.mk.