(Фото) НБА ѕвездата Лука Дончиќ го слуша Тоше Проески во кола

Младата НБА ѕвезда Лука Дончиќ,  објави  видео на „Инстаграм“, додека го слуша Тоше Проески во кола. Кошаркарот го слушаше хитот „Ако ме погледнеш во очи“.

Дончиќ вели дека е фан на Тоше и секогаш ги слуша песните на загинатата поп-ѕвезда.

Во моментиве тој се подготвува за вториот дел од сезоната во НБА лигата, во која неговиот тим Далас, треба да го потврди пласманот во плејофот.

Текстот (Фото) НБА ѕвездата Лука Дончиќ го слуша Тоше Проески во кола е превземен од Reporter.mk.