(Фото) Неџла мака мачи со килограмите по породувањето

Турските актери Фахрие Евџен и Бурак Озчивит, или познати како Неџла и Бали Бег, се на одмор во  Бодрум. Славните турски актери беа фотографирани од папараците додека уживаа покрај базен.
33-годишната актерка, која неодамна се породи со синот Каран, му позираше на сопругот во црвена облека.

Но папраците ја фатија и со костим за капење, па откако ги објавија фотографиите, многумина коментираа дека Неџла е прилично поправена и дека има проблем со слабеењето. Турските медиуми ја споредија со актерката Ева Лонгорија, која по породувањето едвај ги симна вишокот килограми.

„Жената неодамна се породи, има време, полека ќе си ја врати линијата. Оставете ги на раат“, коментираа фановите на Фахрие на социјалните мрежи.

 

Текстот (Фото) Неџла мака мачи со килограмите по породувањето е превземен од Reporter.mk.