(Фото) Нови голи фотографии на Северина

Нови голи фотографии од Северина се појавија денес на порносајт. Во август Северина беше во центарот на вниманието со скандалот со голите фотографии. Откако сликите беа објавени на сајтот postimg.cc,  по неколку часа беа избришани.

Пејачката засега се нема огласено за новонастанатата ситуација, а и овој пат не е познато дали експлицитните фотографии завршиле во туѓи раце или, пак, самата пејачката ги има објавено.

Во 2004 година Северина се најде во слична ваква ситуација по снимката од порнофилмот со бизнисменот Милан Лучиќ. Тогаш во јавноста исто така се појавија разни теории. Едни тврдеа дека снимката ја пласирала Северина со цел да ја оживее својата кариера.

Во случајот од август годинава адвокатите на хрватската пејачка Северина тврдеа дека фотографиите се фотомонтажа. Тогаш менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, го обвини нејзиниот поранешен сопруг, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, за фотографиите што се појавија на интернет.

 

Текстот (Фото) Нови голи фотографии на Северина е превземен од Reporter.mk.