(Фото) Обожавател ѝ порача на Селма Хајек дека претерала со ботоксот

Откако глумицата Селма Хајек на „Инстаграм“ објави слика без шминка, еден нејзин обожавател ѝ порача дека треба дда намали со ботоксот. Тој под сликата, на која Хајек е на плажа, тој ѝ остави коментар: „Премногу ботокс. Нема потреба Селма“.

Глумицата, која вообичаено не коментира под своите објави, овојпат му одговори на својот фан.

„Немам ботокс. Но, фала ти на советот затоа што размислував дека е можда време“, напиша глумицата.

Една од најпопуларните мексикански глумици, пред неколку месеци наполни 53 години. Таа често изјавува дека жените треба да стареат природно и дека убавината е дури и во брчките на лицето. Глумицата неколку пати кажала и дека нема направено ниедна естетска корекција.

Текстот (Фото) Обожавател ѝ порача на Селма Хајек дека претерала со ботоксот е превземен од Reporter.mk.