(Фото) Пабло од „Млади бунтовници“ стана татко

Актерот Бенхамин Рохас, познат како Пабло од серијата „Млади бунтовници“, стана татко. Неговата девојка, Мартина Санчез Акоста се породила кон крајот на минатата година со царски рез, а бебето тежело 2 килограма. Веста за раќањето на ќерката Рохас ја сподели на „Инстаграм“, дури откако мајката и детето биле пуштени од болница.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божик и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите,“ напишал глумецот покрај сликата.

„Млади бунтовници“ беше една од најпопуларните тинејџерски серии пред 15-тина години, а ликовите на Миа, Мануел, Пабло и Марица и понатаму се меѓу омилените.

Текстот (Фото) Пабло од „Млади бунтовници“ стана татко е превземен од Reporter.mk.