(Фото) Пајак му го крена „ферарито“ на Перо Антиќ

На фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавена слика на која се гледа дека ферарито на поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, е непрописно паркирано. По реакциите на граѓаните и коментарите на сликата, пакај-возило ја крена колата на Антиќ од паркингот. Коментар под сликата остави и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој сподели слика од кревањето на колата и слика на која се гледа дека „ферарито“ е тргнато од местото каде што било паркирано.

Текстот (Фото) Пајак му го крена „ферарито“ на Перо Антиќ е превземен од Reporter.mk.