(Фото) Панки пуштен од затвор, за Нова година ќе пее во Скопје

Сашо Кимовски – Панки, кој пред осум месеци беше уапсен во Грција, е пуштен од затвор, па се врати во Македонија. Веднаш по враќањето, познато скопско кафуле наголемо најавува дека тој и Роберт Саздов ќе пеат таму за Нова година. „Куку леле и Тони Бланка на 31 декември – дневна и вечерна забава“, стои во рекламата за журката.

52-годишниот Панки беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција. Тој се бараше со европска потерница која ја распишаа германските власти. Панки наводно пред 13 години бил дел од група која крадела податоци од картички на банкомати. Тој се сомничи дека во 2006 година, од два банкомата во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички така што поставил микроскопски чипови што ги снимале податоците.

За потсетување, „Куку леле“ е една од најпознатите македонски групи од 2000те години, а нивни најголем хит е „Постела рози“.

Текстот (Фото) Панки пуштен од затвор, за Нова година ќе пее во Скопје е превземен од Reporter.mk.