(Фото) Петар ја разнежни Јанкуловска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска објави фотографија од својот син Петар, кој веќе има четири месеци. Легнат меѓу плишаните играчки, Петар ја разнежни Јанкуловска, коментираат на социјалните мрежи. Ексминистерката пак напиша дека синот ги запознава животните . Гордана Јанкуловска се породи кон крајот на јуни. Породувањето беше во една од скопските болници. Бебето, по желба на двајцата родители, го доби името Петар.

„Добри сме со бебето. Изборот на името е моја и желба на сопругот. И на двајцата многу ни се допадна името Петар, за нас тоа име има посебно значење”, изјави Јанкулоска за „Репортер“ веднаш по породувањето.

Ова е прво дете на ексминистерката Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, со кого се омажи во 2010 година.

Текстот (Фото) Петар ја разнежни Јанкуловска е превземен од Reporter.mk.