(Фото) Пипа Мидлтон два месеци по породувањето е повторно секси

Пипа Мидлтон помладата сестра на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, по само два месеци од породувањето покажа дека многу брзо се вратила во форма.
Пипа прошетала во бикини на плажата на островот Свети Бартоломеј, каде престојува со нејзиниот сопруг Џејмс Метјусон. Пипа вели дека редовно вежба, па не чуди што така брзо се вратила во форма по породувањето.
Сестрата на војвотката Кејт Мидлтон вели дека ѝ за време на бременоста била мошне активна. Често можела да се забележи како вози велосипед низ Лондон дури и во деновите на висок степен на бременост.
„Искрено се надевам дека по породувањето ќе можам да ги облечам моите стари фармерки“, изјавила помладата сестра Мидлтон, во интервју за Waitrose Weekend, во пресрет на нејзиното породување.
Пипа Мидлтон на средината на октомври минатата 2019 година се породи, носејќи на свет здраво машко дете.

Текстот (Фото) Пипа Мидлтон два месеци по породувањето е повторно секси е превземен од Reporter.mk.