(Фото) По разводот со Мајли, Лиам Хемсфорт има нова девојка

Три месеци откако се раздели со сопругата Мајли Сајрус и поднесе барање за развод, австралискиот глумец има нова девојка, пишува „Ти-ем-зи“. Според нив, Лиам е во врска со австралиската глумица Медисон Браун, која се прослави со улогата со серијата „Династија“.

Папараците ги сликаа Лиам и Медисон како се држат за раце додека шетаат низ Њујорк, а потоа двојката беше на ручек во бистро во областа Вест Вилиџ. Тие пишуваат и дека Медисон малку личи на Мајли.

За разлика од Лијам, веднаш по разделбата, Мајли беше во врска со Кејтлин Картер, а пред неколку дена се пофали дека има ново момче, музичарот Коди Симпсон.

(Фото) Дечкото ја изненади Мајли Сајрус во болница

Текстот (Фото) По разводот со Мајли, Лиам Хемсфорт има нова девојка е превземен од Reporter.mk.