(Фото) По разводот со Росана, Коки на одмор со ќерката

 Виолинистот Никола Јанков – Коки е на одмор со својата ќерка Лара. Тој на својот Фејсбук профил објави нивна заедничка фотографија како прават скара со ќерката.

„На топло место,без сеќавања. Почни да живееш или почни да умираш“, напиша тој под фотографијата од плажа.

Тој е на одмор само со ќерката, оти лани се раздели од сопругата Росана Јанков, портпаролот на АМСМ. Тој со неа беше 10 години во брак. По разводот со Росана, по четири месеци врска тој се ожени со адвокатката Маја, со која пред да ја запознеа Росана, биле во љубовна врска.

„Се знаеме многу добро затоа што ние бевме дечко и девојка пред да се оженам. Еве, по 11 години, пак се сретнавме и решивме со целиот живот зад нас да тргнеме заедно. Таму кај што си сакан и почитуван, таму е најтопло. Животот е таков, тој е за храбрите, а не за плачковци„, изјави  Коки тогаш за репортре, а кратко пота и се ожени со Маја.

Текстот (Фото) По разводот со Росана, Коки на одмор со ќерката е превземен од Reporter.mk.