(Фото) Поплавен домот на Џорџ Клуни

Врнежите во Англија траат со денови, со што се излеа реката Темза од своето корито,  и  го поплави речиси целиот имот на холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата соруга Амал во Беркшир.

Под вода се тенискиот терен, кој се наоѓа крај имотот, како и терасата на нивната луксузна летна куќа. Инаку, ова е вторпат поради обилните дождови да се поплави куќата на популарната двојка. Првпат поплавата ги зафатила во 2016 година, кога уредувањето траело 18 месеци.

Текстот (Фото) Поплавен домот на Џорџ Клуни е превземен од Reporter.mk.