(Фото) Пријовиќ во топ форма два месеци по породувањето

Српската пејачка Александра Пријовиќ се породи пред два месеци со синот Александар, а сега се појави во јавноста.

Облечена во тесни црни панталони и црна ролка, а врз неа кожно палто со реси таа минатиот викенд се појави на настан каде беше најавен фестивалот „Улаз“, а чие одржување е закажано за ова лето во Белград.

Многумина коментираат дека таа е во топ форма и дека изгледа одлично. Александра и Филип неодамна исто така беа гости на свадбата на пејачката Данијела Кариќ, каде пејаката беше во елегантно издание.

Текстот (Фото) Пријовиќ во топ форма два месеци по породувањето е превземен од Reporter.mk.