(Фото) Принцот Хари бакна обожавателка

За само еден ден сликата на принцот Хари стана хит на Интернет откако тој бакна една обожавателка која дошла да се сретне со него и неговата сопруга во Чичестер. Во четвртокот, војводата и војвотката од Сасекс го посетија истоимениот округ.

Актот на принцот кој го крши кралскиот протокол е уловен од камерата на млада девојка која била во толпата што дошла да му честита на младото семејство.

Франческа Труонг сподели во социјалните мрежи како една постара жена по име Лидија зборувакла со Меган и ѝ рекла дека е многу убава. Таа ѝ се заблагодарила и прашала од каде дошла. Кога пришол Хари, неговата сопруга му ја претставила дамата и тој решил да ѝ ја бакне раката.

“Жената беше толку возбудена што ја бакна”, додава девојката за Daily Mail. И таа навел дека војводата и војвотката од Сасекс се однесуваат многу приземно и се насмевувале цело време.

Во меѓувреме, британските таблоиди не пропуштиле да забележат за стилот на Меган. Таа се појави со темно зелено кожно здолниште, блуза во иста боја и крем палто. Според модни експерти, здолниште со должина под коленото е брендиранo BOSS by Hugo Boss и чини 595 американски долари. Блузата е на &OtherStories, а палтото – на Армани.

Текстот (Фото) Принцот Хари бакна обожавателка е превземен од Reporter.mk.