(Фото) Први фотографии од ќерката на Филип Талески

Мајката на ракометарот Филип Талески, кој неодамна стана татко, ги објави првите фотографии од неговата ќерка Софиа. Таа на „Фејсбук“ сподели слики од девојчето, па напиша дека станала баба, а дека чувството е преубаво.

Раѓањето на ќерката Софиа, Филип го откри преку патиките со кои ќе игра на Светското првенство во Германија и Данска, а на кои го напиша нејзиното име. Освен името на ќерката, на нив е нацртан и неговиот лик, а напишано е и името на неговата сопруга, Ена. По завршувањето на првенството, Талески патиките ќе ги даде на аукција, а парите од продажбата ќе ги донира во хуманитарни цели.

Филип Талески стана татко

Текстот (Фото) Први фотографии од ќерката на Филип Талески е превземен од Reporter.mk.