(Фото) Расел Кроу се здебели за новата улога

Глумецот Расел Кроу се здебели за новата улога, пишуваат светските медиуми. Актерот направил драстична трансформација за улогата во филмот Unhinged.

„За разлика од макотрпните вежби кои мораше да ги прави за да изгледа супериорно во филмот на ‘Гладијатор’, сега има задача само да јаде и пие што ќе посака“, се шегува негов близок соработник.

Во новиот филм Расел ќе глуми лик на манијак кој шпионира жени. Режисерот Дерик Борт побарал од него целосно да се промени и да се здебели колку е можно повеќе за да изгледа поубедливо во филмот, пишуваат медиумите.

 

 

Текстот (Фото) Расел Кроу се здебели за новата улога е превземен од Reporter.mk.