(Фото) Романтично запросување на плажа, Џенифер Лопез се мажи по 4 пат

Холивудската и светска музичка ѕвезда Џенифер Лопез ќе се мажи по четврти пат. Пејачката доби веренички прстен од своето момче Алекс Родригез за време на заедничкиот одмор.

По двегодишна врска, поранешниот бејзбол играч и кажал на Лопез дека таа е вистинската жена за него, пишуваат американските медиуми. Лопез која вели дека е изненадена од ваквиот потег на своето момче, убавите моменти од одморот ги споделила на своите обожаватели на социјалните мрежи.

Родригез ја потврдил веста за медиумите, пофалувајќи им се дека Лопез му кажала да. Родригез ја објавил истата фотографија, а потоа се пофалил и дека бил многу романтичен за време на запросувањето.

Ружи и испишано „Те сакам“ ја дочекаа Џенифер на нивниот заеднички кревет. Алекс Родригез претходно беше во брак со Синтија Куртис, со која има две деца. Лопез пак досега беше мажена три пати, а со пејачот Марк Ентони има две деца.

 

  

Текстот (Фото) Романтично запросување на плажа, Џенифер Лопез се мажи по 4 пат е превземен од Reporter.mk.