(Фото) Роналдо ги покажа стомачните во вежбална во својот дом

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо во моментов се наоѓа во изолација во својот дом во Португалија, заедно со неговото семејство. Португалецот голем дел од времето го минува во вежбалната и често објавува фотографии на социјалните мрежи од неговите тренинзи.

Последна фотографија од играчот на Јувентус објави неговата сестра, која му правеше друштво заедно со пријателите. Роналдо позираше без маица и фудбалерот се пофали со стомачните мускули. Фудбалерот покажа дека се наоѓа во извонредна форма.

Текстот (Фото) Роналдо ги покажа стомачните во вежбална во својот дом е превземен од Reporter.mk.